Нобеловата награда за хемија им беше доделена на научниците Мунги Бавенди, Луис Брус и Алекси Екимов за нивната работа на ситни квантни точки, фундаментален пробив во нанотехнологијата.
Бавенди и Брус се Американци, а Екимов е Русин. Наградата ја доделува Шведската кралска академија на науките и е во вредност од 11 милиони шведски круни, што е приближно 947.700 евра.
Овогодинешната награда е во чест на откривањето и развојот на квантни точки, наночестички толку мали што нивната големина ги одредува нивните својства.
Најмалите компоненти на нанотехнологијата ја дифузираат светлината од телевизорите и LED светилките, а исто така можат да ги водат хирурзите кога го отстрануваат туморското ткиво.
„Овие ситни честички имаат уникатни својства и сега ја зрачат својата светлина од телевизиските екрани и LED светилките. Тие катализираат хемиски реакции и нивната чиста светлина може да го осветли туморското ткиво за хирургот“, соопшти Кралската шведска академија на науките, која ја објави наградата во Стокхолм.
BREAKING NEWS
The Royal Swedish Academy of Sciences has decided to award the 2023 #NobelPrize in Chemistry to Moungi G. Bawendi, Louis E. Brus and Alexei I. Ekimov “for the discovery and synthesis of quantum dots.” pic.twitter.com/qJCXc72Dj8— The Nobel Prize (@NobelPrize) October 4, 2023
Минатата година, Американците Каролин Р. Бертоци и К. Бери Шарплес и данскиот научник Мортен Мелдал заеднички ја добија Нобеловата награда за хемија за развој на начин за „спојување на молекули“ што може да се користат за проучување на клетките, мапирање на ДНК и дизајн на лекови кои може попрецизно да ги таргетира болестите како што е ракот.