Белгискиот оператер на преносни системи Elia соопшти дека добил дозвол за градба на островот Princess Elisabeth, кој е првиот и единствен остров со вештачка интелигенција во светот.
Островот се состои од еднергетски центар оддалечен 45 км од брегот, кој ќе го поврзува белгискиот копнен електричен систем со новите електрани на ветар и со дополнителни интерконектори од Велика Британија и од Данска. Клучниот услов за развој е токму добивањето дозвола за градба, за која компанијата Elia аплицирала во јануари годинава.
Белгија е лидер во областа енергија од ветар на море и ја забрзува транзицијата со четирикратно зголемување на капацитетот во белгиското Северно Море, изградба на енергетски остров и нови интерконектори од земјите кои го опкружуваат Северното Море, изјави Тине Ван дер Страетен, федерален министер за енергетика на Белгија.
Додаваде и дека новиот енергетски остров ќе стане офшор центар а енергија кој ќе обезбедува одржлива достапна енергија за Белгијците и за компаниите, како и дека ќе го претвори Северното Море во „погон за зелена енергија“.
Elia моментно го финализира дизајнот на островот кој ја вклучува природата за заштита на морските и копнените животни. Овој предлог ќе биде поднесен подоцна оваа година. Дизајнот беше развиен во соработка со надворешни експерти за да се види кои елементи може да се променат или додадат за да се зголеми биолошката разновидност на островот и околу него.
Ван дер Стратен истакна дека новите планови не смеат да го игнорираат морскиот живот под и над површината на водата и ја пофали Elia што работела на дизајн кој ја вклучува природата и ќе се обиде да го заштити, а можеби дури и да го обнови водниот живот.