Компанијата Atari најави дека почнала претпродажба за физички кертриџ наменет за конзолата „2600“ од 1977 година.
Станува збор за играта со име Save Mary, која била во развој две години, што е прилично долг период кога се зборува за генерацијата на гејмингот пред конзолата NES. Вообичаената фаза на развој на играта во тоа време траела шест до девет месеци, а за некои наслови само пет до шест недели.
Играта Save Mary ја развил ветеранот на Atari Тод Фрај, кој стои зад игрите Pac-Man и Swordquest наменети за конзолата 2600.
Играта чини 60 долари, а достапни се само 500 кертриџи, што значи дека кертриџот воедно е и колекционерски примерок.
Што се однесува до самата игра, се заснова на спасување на дамата Мери. Таа се наоѓа во кањон кој брзо ја полни водата, а играчите мора да користат кран за изградба на платформа за таа да се спаси.
Така играта Save Mary се придружила на други неодамна произведени кертриџи за Atari 2600, а многу од нив се целосно нови наслови како што е Mr. Run and Jump“.
Atari моментално продава подобрена верзија на споменатата конзола, која ја носи ознаката 2600+.