Корејскиот портал The Elec наведува дека претстојниот Samsung Galaxy S24 Ultra ќе го користи Qualcomm Snapdragon 8 Gen 3, без оглед на регионот во кој ќе се продава
Пред неколку месеци се шпекулираше дека новите модели од Galaxy S24 серијата ќе користат Exynos во еден регион и Snapdragon во други региони. Беше истакнато дека корисниците во Европа, Африка и одредени азиски земји ќе добијат Exynos 2400 врз основа на новиот процес на производство на Samsung од 4 нанометри, додека остатокот од светот ќе го добие Snapdragon 8 Gen 3.
Сепак, новиот извештај на корејскиот портал The Elec открива дека претстојниот флегшип смартфон на Samsung, Galaxy S24 Ultra ќе го користи Qualcomm Snapdragon 8 Gen 3, без оглед на регионот во кој ќе се продава. Доколку оваа одлука се покаже како вистинита, новиот Ultra модел на секој начин би можел да биде достоен наследник на сегашниот модел, кој се смета дека е најдобриот флегшип Android во 2023 година.
According to the reputable news source, The Elec, Exynos is co-deployed alongside Snapdragon in the S24 and S24 Plus, while the S24 Ultra uses Snapdragon regardless of the region. MX's business unit will release products featuring Exynos in two of its main markets: South Korea…
— Revegnus (@Tech_Reve) October 6, 2023
Спецификациите на Snapdragon 8 Gen 3 засега не се познати. Се шпекулира дека ќе се користи најновиот производствен процес на TSMC, но некои извори велат дека се работи за 3 нанометарски, а некои 4 нанометарски. Се би требало да се дознае кон крајот на месецот, кога се очекува Qualcomm да го претстави глобално.