Новата Microsoft продавница за апликации доби обновен кориснички интерфејс што би требало да го олесни наоѓањето на апликациите што ви се потребни
Без разлика дали сте го користеле или не, Microsoft App Store нуди широк спектар на корисни апликации за вашиот оперативен систем. За жал, сложениот интерфејс честопати беше камен на сопнување за повеќето од корисние. Поради тоа, Microsoft претстави целосен редизајн на веб верзијата на својата продавница за апликации за Windows.
Старата продавница е во пензија, а новата, помодерна со себе донесува нов изглед, брзо пребарување и нови функционалности. Инженерот на Мајкрософт, Јуда Габриел објаснува дека старата страница во React јазик е направена на на стариот UI, кој бил бавен и нефункционален.
Is that rewrite or some pieces in new framework? What's the advantages, can you please share?
— Saturn Manoj 🪐 (@SaturnKit) October 6, 2023
Редизајнираната веб-продавница сега го олеснува пребарувањето за апликации за Windows или Xbox PC игри, кои можете да ги преземете преку главната апликација Microsoft Store на Windows. Меѓутоа, интересно е што главната Microsoft Store апликација нема да се менува. „Замислете го ова како веб-излог за продавницата на апликации на Windows. Тие работат заедно“, објаснува Габриел.
Овој нов веб-интерфејс може да биде корисен за Microsoft, бидејќи компанијата сака да ги прошири своите апликации и игри надвор од Windows. Шефот на Xbox, Фил Спенсер претходно оваа година откри дека Microsoft креира Xbox продавница за мобилни игри, во очекување на компаниите како Apple и Google да бидат принудени да отворат свои продавници за мобилни апликации, пишува TheVerge.
Microsoft Xbox продавницата за мобилни игри би можела да почне да работи веќе во 2024 година, благодарение на Законот за дигитални пазари на ЕУ. Бидејќи ќе и биде потребен некој вид веб-интерфејс за откривање во резултатите на пребарувањето и линковите на социјалните медиуми, новата продавница делува како одлично решение.