OnePlus го проширува своето портфолио на таблет уреди со премиерата на новиот OnePlus Pad Go. Уредот нуди поскромни спецификации во споредба со OnePlus Pad, но тоа значи дека е и подостапен за купување. Моделот се базира на MediaTek Helio G99 чипсет во комбинација со 8 GB RAM и 128/256 GB простор за складирање што може да се прошири.
Однапред се наоѓа 11,35-инчен IPS LCD дисплеј со резолуција од 1720 x 2408 пиксели, брзина на освежување до 90 Hz и сооднос 7:5. Уредот е опремен со две камери со резолуција од 8 MP, четири Dolby Atmos звучници и батерија со капацитет од 8000 mAh и брзо полнење со моќност 33 W. Оперативниот систем е Android 13 со интерфејс OxygenOS 13.2 и можност за заедничка работа со смартофните OnePlus.
Засега нема информации за достапноста на уредот во Европа, но во Индија неговата цена започнува од 19.999 рупии (227 евра) за 8/128GB верзијата со Wi-Fi. Изданието со 8/256GB и LTE чини 23.999 (273 евра).