Samsung Electronics неодамна претстави нови софтверски ажурирања за слушалките Galaxy Buds2 Pro и Samsung Smart TV уредите кои го подобруваат аудио искуството на уште повеќе поврзани уреди. Новите ажурирања ги прошируваат капацитетите на LE Audio на телевизорите на Samsung со технологија за аудио емитување Auracast, овозможувајќи пренесување на богат и сложен звук до блиските уреди поврзани со Bluetooth.
LE Audio, напреден Bluetooth аудио стандард, го проширува спектарот на слушање и нуди покомплексен и побогат звук поради кој музиката звучи подобро, но исто така им овозможува на корисниците да го споделуваат звукот со другите, онака како што тие го доживуваат. Како пионер во иновативните технологии, Samsung користи нови функции на LE Audio, кои го подигнуваат искуството на слушање на уште повисоко ниво, вклучувајќи 360 аудио снимање, што им овозможува на корисниците на паметните Galaxy телефони да госнимаат звукот на видеото точно како што тие го слушаат, без потреба од професионална опрема.
Овој септември, Samsung дополнително го подобрува и проширува искуството за поврзување на мобилните уреди со кујнските апарати со помош на технологијата за аудио емитување Auracast за слушалките Galaxy Buds2 Pro и Samsung 2023 Neo QLED 8K и 2023 MICRO LED телевизорите преку софтверски ажурирања. Со Auracast, корисниците можат да го поврзат својот уред на заедничка радио станица што може да емитува на поврзаните уреди. Новата функција на LE Audio им овозможува на корисниците да поврзат повеќе пара слушалки Buds со TV, наместо само со два уреди како претходно. Auracast отвора различни можности за користење и дополнителна употреба на уредот – од засилен звук или помош при слушање во театар или на предавање за оние кои сакаат подобар звук, до споделување плејлиста од паметен телефон додека трчате со пријателите, до повеќејазична поддршка без употреба на уред за преведување и испраќање преводи на различни јазици преку различни канали.
„Како иноватор во широкиот спектар на електронски уреди – од паметни телефони до уреди за носење, и од телевизори до домашни апарати – Samsung е во единствена позиција да понуди поцелосно и проширено искуство“, рече Џуно Парк, потпретседател и директор на Тимот за планирање производи на Galaxy Ecosystemво секторот за мобилни уреди на Samsung Electronics. „LE Audio е совршен пример за нашата посветеност на целиот асортиман на уреди и за тоа како Samsung воведува нови капацитети и технологии кои ги обединивуваат“.
Новата функција Auracast е само еден пример за тоа како Samsung ги поврзува уредите и услугите и им нуди нови искуства на корисниците. Следете ги и повозбудливите најави од Samsung на овогодинешната IFA конференција, која се одржа во Берлин од 1 до 5 септември.