Ковид пандемијата имаше долгорочно влијание врз начинот на кој работиме и патуваме, што е најочигледно во тоа колку работи денес се извршуваат онлајн и од удобноста на нашите домови, а можноста тоа да се прави од странство стана начин на живот за многумина.
Животот на „дигиталните номади“ во голема мера зависи од секторот во кој работат, платата и флексибилноста на улогата и дали можат да патуваат во рамките на нивната позиција.
Листата на земји кои нудат дигитални номадски визи се зголемува, но секоја има различни барања. Анализирајќи ги различните услови, кредитната компанија Нортон Фајнанс спроведе истражување за најевтините европски престолнини за живеење на дигиталните номади, пишува Тајмаут. Експертите на компанијата за патување ги процениле европските земји и ги рангирале врз основа на просечните трошоци за кирија, комунални услуги, транспорт, храна, теретана и интернет, како и трошоците за повратни летови од Обединетото кралство.
На прво место е нашето Скопје, опишано како туристичка дестинација со добра вредност, популарна по своите археолошки локалитети и улична храна. Вредноста на јавниот превоз е една од причините зошто Скопје бележи толку добри резултати, бидејќи месечниот билет за јавен превоз е осум пати поевтин од оној во Лондон.
На второ место е Сараево, опишан како „шармантен главен град на Босна и Херцеговина“.
„Еднокреветниот стан во центарот на градот во просек чини лудо достапни 275 евра месечно“, пишува магазинот „Тајмаут“.
Кишињев во Молдавија е трет на листата, а Софија (Бугарија) е меѓу првите 10.
Букурешт (Романија), Белград (Србија), Будимпешта (Унгарија), Варшава (Полска), Вилнус (Литванија) и Рига (Латвија) ја сочинуваат листата на десет најповолни градови за дигиталните номади.