Трката за паметни телефони со екрани што се преклопуваат е особено интензивна оваа година, со сè повеќе уреди кои излегуваат на пазарот. Една од компаниите со големи амбиции во оваа област е Honor, која летоска го претстави својот актуелен преклопен модел Magic V2, а на почетокот на септември уредот ја имаше и својата меѓународна премиера.
Сега Кинезите се подготвуваат да го најават својот следен уред на преклоп, односно Magic Vs2. Новиот модел ќе биде лансиран во Кина на 12 октомври заедно со Watch 4 Pro.
Во овој случај, Magic Vs2 се чини дека нема значителен скок во однос на Magic Vs. Има индикации дека уредот ќе користи чипсет Snapdragon 8+ Gen 1 со 16GB RAM, како и сензор од 50MP на главната камера.
Најзначајната визуелна промена во однос на минатогодишниот модел Magic Vs е потенкото куќиште.