Атрактивни понуди и попусти од многу категории преку апликацијата Telekom MK
Добијте карти за кино, вкусен бургер, екстра попуст за нов мебел или заштедете пари на вашата следна резервација за хотел – Magenta Moments ќе ви го овозможи тоа. Програмата којашто ја нуди Македонски Телеком е дел од меѓународната иницијатива на Дојче Телеком за наградување и поволности за корисниците. Таа е суштински елемент од долгорочната стратегија на Групацијата наречена Магента предности (Magenta Advantage). Во суштината на оваа стратегија е амбицијата на Дојче Телеком постепено да ја проширува својата сфера на делување и надвор од телекомуникацискиот бизнис – надоградувајќи ја својата вредна корисничка база, брендот и партнерствата.
Со Magenta Moments, Дојче Телеком оди чекор понатаму и ја проширува улогата од давател на телекомуникациски услуги во секојдневен придружник којшто вреди да се има и којшто им нуди на корисниците вистинска вредност.
„Magenta Moments е вистински пример за нашата посветеност да им обезбедиме на корисниците многу повеќе од телекомуникациски услуги. Во соработка со нашите партнери, оваа програма овозможува aтрактивни понуди и награди на наједноставен начин, дигитално, преку паметен телефон. Отвораме ново поглавје во нашето работење, се ангажираме за задоволството на корисниците и нивните искуства на едно сосема ново ниво користејќи го меѓународното присуство на Дојче Телеком низ цела Европа. “ – изјави Емилија Андоновска, Главен комерцијален директор за приватни корисници.
Magenta Moments обезбедува атрактивни понуди и попусти од меѓународни, национални и локални брендови од многу категории поврзани со животниот стил. Освен телекомуникациски услуги, понудите опфаќаат храна и пијалаци, забава, патувања и шопинг.
Програмата наскоро ќе има меѓународен карактер, што значи дека кога корисниците ќе патуваат во земјите-учеснички тие ќе можат да уживаат во придобивките коишто се достапни во соодветната земја.
Дојче Телеком е првата телекомуникациска компанија којашто, преку Magenta Moments, го применува своето меѓународно присуство за директна придобивка на корисниците ширум Европа.
Kорисниците добиваат програма со ексклузивни и персонализирани награди којашто е едноставна за користење преку апликацијата Telekom MK. Дополнително, тие ќе можат да ги поканат пријателите и семејството да се приклучат, а наскоро и да споделуваат награди со нив. Искуството е заокружено со гејминг интеракции со кои можат да се заработат Magenta срца, коишто се валутата на програмата, со кои можат да отклучат уште повеќе награди и поволности.
Со сите овие карактеристики, Magenta Moments означува ново поглавје со кое се проширува улогата на Македонски Телеком од давател на телекомуникациски услуги во вреден секојдневен придружник којшто се ангажира за задоволството на корисниците на едно сосема ново ниво.
Повеќе информации на линкот.