Qualcomm оваа година порано од очекувањата ќе го претстави својот следен водечки чипсет, Snapdragon 8 Gen 3. Ова се очекува да се случи за време на годишниот настан на компанијата Snapdragon Summit на Хаваи, закажан за 24-26 октомври.
Во меѓувреме, во Кина се појавија гласини кои сугерираат дека Xiaomi сака да биде првиот производител на паметни телефони што ќе претстави смартфон со новиот чип. За да може да го направи ова, компанијата може да објави нови паметни телефони на 27 октомври.
Станува збор за идните флегшип уреди Xiaomi 14 и 14 Pro, чии претходници беа претставени во декември минатата година. Новите модели ќе имаат корист од партнерството меѓу Xiaomi и Leica и ќе го вклучуваат MIUI 15 графичкиот интерфејс.
Можно е Pro верзијата да вклучува и странична рамка од титаниум.