На северот на Кина, во наоѓалиште е откриена единствена руда, за која постои сомневање дека ќе ја одреди иднината на батериите.
Кинеските научници открија нова стратешка метална руда. која никогаш досега не била документирана, и ја нарекоа ниобобаотит. Но, тука не е крајот бидејќи се испостави дека има елементи како што се: ниобиум (Nb), бариум (Ba), титаниум (Ti), железо (Fe) и хлорид (Cl), од кои првиот е исклучително баран поради неговата суперспроводливост.
Според официјалниот јавен извештај на Кинеската национална нуклеарна корпорација (CNNC), рудата неодамна била откриена од истражувачите Ге Сианкун, Фан Гуан и Ли Тин од CNNC. Откритието е направено во рудникот „Бајан Обо“ во Баутоу, на северот на Кина. За работите да бидат поинтересни, ова е 17-та нова руда откриена во споменатото наоѓалиште и една од 150-те во регионот. Има кафеаво-црна боја, но она што ја издвојува е ниобиумот – светло сив метал кој е широко користен во производството на челик и други легури, а може да се најде и во акцелератори на честички и друга опрема потребна за работа на научници.
Новиот минерал ниобобаотит е веќе официјално одобрен од Комитетот за нови минерали, номенклатура и класификација на Меѓународната асоцијација за минерали, со број на одобрение IMA 2022-127a.
中国科学家发现战略性关键金属新矿物:命名铌包头矿快科技10月5日消息,据“中核集团”官方公众号介绍,近日由中核地质科技有限公司葛祥坤、范光和李婷研究员等研究发现的新矿物铌包头矿(niobobaotite)获得国际矿物协会新矿物、命名及分类委员会的正式批准,批准号为IMA 2022-127a。 pic.twitter.com/DFvB2AhvCC
— TAI科技新闻 (@taikejinews) October 6, 2023
Со оглед на тоа што Кина досега увезуваше 95% од овој редок елемент, се верува дека ова откритие би можело да ги задоволи сите нејзини потреби и да доведе до прекин на увозот од Бразил, кој е најголемиот извор – воопшто на ретки метали, додека Канада е во второто место.
Од друга страна, научниците истакнуваат дека ова откритие би можело да биде значајно и дека побарувачката за ниобиум сигурно ќе се зголеми во иднина, бидејќи се работи на развој на батерии од ниобиум-литиум и ниобиум-графен, што може да го намали ризикот од пожар, но и да се полни многу побрзо од литиумот и да трае подолго. Најновото истражување покажува дека батериите од ниобиум-графен можат да траат и до 30 години.