„Намалувањето на штетите од тутунот е прашање на човековите права“, истакна професорот Константинос Фарсалинос, кардиолог и научен соработник во Центарот за кардиохирургија Оназис во Грција, во текот на неодамнешниот Шести самит за намалување на штети, во организација наИнтернационалната асоцијација за контрола на пушењетоSCOHRE.
Професор Фарсалинос дебатираше за сложените социо-политички и етички аспекти на контролата на тутунот во 21 век, фокусирајќи се на намалувањето на штети и обврската на политичарите, регулаторите и научниците да имаат слободоумен и искрен пристап, заснован на докази и надвор од идеологиите и предрасудите.
„Вистината е дека концептот на намалување на штети е прашање на човековите права“, рече тој. „Намалувањето на штетите не е само со цел за намалување на штети од употребата на супстанци, туку се однесува и на справување со стигмата, маргинализацијата, криминализацијата, нееднаквостите и угнетувањето – во обид да се заштитат здравјето, достоинството и слободата, вклучувајќи ја и слободата да се направи информиран личен избор.
„За жал, денес хистеријата против намалувањето на штети станува авторитарна форма на политичка коректност за пушачите и за научниците со различни ставови. Но,не треба да заборавиме на привремената природа на научното знаење, дека правилниот скептицизам е основата на интелектуалниот напредок“, нагласи Фарсалинос.
На Самитот се одржа и панел дискусија помеѓу еминентни експерти кои ги претставуваат здруженијата за намалување на штети, за да истражат како можат да соработуваат за создавање нови можности за едукација на експерти за здравствена политика, регулатори и јавноста, како и за застапување за нови истражувања за генерирање повеќе податоци, за политики засновани на докази. Беа собрани добро документирани податоци, практики и политики од целиот свет, кои се исклучително важни за да се убедат владите, регулаторите, креаторите на политики и јавноста да ја прифатат вредноста на Harm reduction, што е поле кое брзо се развива.
Претставникот на UKVIA,Џени Камеронрече дека не е доволно да се генерираат податоци, туку тие мора да стигнат до креаторите на политиките и истакна дека таквите податоци треба да се преведат на начин што ќе можат да се разберат, за да им се помогне дадонесат одлуки што се засноваат на докази.
Меѓународното научно здружение на независни експерти за контрола на пушењето и намалување на штети SCOHRE препознава дека намалувањето на штетите може да ги подобри животите на луѓето и има амбиција да се обиде и да добие ресурси за да изгради Опсерваторија на навиката за пушење, поврзана со здравствените резултати во Европа.
Примената на концептот за намалување на штети од пушењето добива се поголема поддршка и во експертските и здравствените кругови кај нас, токму во случаите кога целосната елиминација не е можна. Таков е ставот и на Александра Георгиева, специјализант на клиниката за кардиологија во Скопје и претседателка на Здружението на лекари специјализанти.
„Имаме многу штетни навики, а пушењето е број еден штетна навика, и тоа е најголемиот кошмар за нас кардиолозите. Секогаш ги советуваме нашите пациенти, доколку можат да се откажат од пушењето, но најчест одговор што го добиваме е негативен, односно пациентите одбиваат дури и по цена на сопствениот живот и здравје, да се откажат од оваа штетна навика. Кај овие луѓе се обидуваме да најдеме едно средно решение, односно концепт на намалување на штети. Овој концепт подразбира користење (или употреба) на електронски цигари и помалку штетни алтернативни тутунски производи без чад, базирани на технологија на загревање, наместо согорување на тутунот.. Најдобро решение е целосно да се откажат од пушењето, но доколку тоа не е можно, барем да го намалат ризикот со користење на овие алтернативни уреди“, посочи Георгиева.