Samsung ќе ја претстави својата следна флеггшип Galaxy S24 серија паметни телефони на почетокот на следната година, а веќе е најавено дека претставувањето на новите уреди може да се одржи во јануари во Сан Франциско.
Најмоќен и најскап уред во линијата ќе биде Galaxy S24 Ultra моделот, кој се очекува да користи Snapdragon 8 Gen 3 чипсет во сите региони. Сепак, сега се појавија и детални податоци поврзани со главната камера на смартфонот.
Информациите доаѓаат од дојавувачот @RgcloudS, кој наведува дека Galaxy S24 Ultra ќе понуди HP2SX сензор од 200 MP (1/1,3″) со големина на пиксели од 0,6 микрони (μm). Дополнително, ќе има и 12MP Sony IMX564 со ултра широкоаголен објектив и големина на пиксели од 1,4μm. Конфигурацијата има и сензор од 10MP IMX754+ со телефото оптика и големина на пиксели од 1,12μm, како и перископ леќа од 48MP со 5x оптички зум.
Good news
Despite having 5x optical
Galaxy S24U still support 100x zoom200 • 12 • 10 • 48
Main 200mp
HP2SX 1/1.3" 0.6μmUW 12mp
IMX564 1/2.55" 1.4μm3x Telephoto 10mp
IMX754+ 1/3.52" 1.12μm5x Telephoto 48mp
GMU 1/2.25" 0.8μmFinal 5x aperture "might" be F/3.2 pic.twitter.com/yCfBywHTrj
— RGcloudS (@RGcloudS) October 14, 2023