Ознаката Green Dot (заштитен знак – лого) која се става на амбалажата на производот, а која на потрошувачот му дава до знаење дека откако производот ќе биде потрошен и ќе се фрли нема да заврши на депонија, туку некој ќе се погрижи за тоа амбалажата да ја собере и да ја рециклира.
Денес потрошувачите се повеќе свесни за животната околина и како влијаат со своите избори. Така, овој скромен, мал амблем има големо значење и клучна улога во напорите за одржливост и зачувување на средината. Симболот потекнува од Германија во раните 1990-ти. Воведен како дел од иницијативата за доброволно рециклирање главната цел била да се промовира правилното отстранување на пакувањата на производите и да се намали отпадот.
Кога производителот го користи овој симбол на своето пакување тоа значи дека е дел од организацијата Pro- Europe.
PRO-Europe e меѓународна организација посветена на одржливост и одговорно управување со отпад со лиценца за користење на логото Green Dot. Амблемот има значење и како финансиски симбол, што покажува дека е платен надоместок за управување со отпад, откако ќе се искористи производот.
Во секоја земја, одредена национална компанија, обично членка на PRO-Europe, има ексклузивни права на симболот Green Dot. На овие компании им е доверено воспоставување системи за употреба на симболот на нивните соодветни територии и преговарање договори со индивидуални компании корисници.
Една таква компанија која има проактивна улога во овој систем во Македонија е „Пакомак”. Како пионер во својата област, тие се првата компанија што доби дозвола за селекција и преработка на отпад од амбалажи. Пакомак ѝ се придружи на PRO-Europe во 2011 година, станувајќи 34-та национална непрофитна компанија што го сторила тоа. Во моментов, Пакомак може да се пофали со членство кое надминува 750 компании. Главната мисија на компанијата е да го минимизира негативното влијание на отпадот од пакување врз животната средина, истовремено промовирајќи одговорни практики меѓу компаниите во однос на отпадот од пакување, што на крајот ќе придонесе за повисок квалитет на живот.
Green Dot често се наоѓа дискретно сместен на пакувањето на производот и може да изгледа незабележливо, но кога производот го носи овоа ознака тоа е повеќе од само совесност на одреден брендот; тоа означува и нивно активно вклучување во организација или систем за одговорност на производителот бидејќи има и финансиска обврска. Производителите плаќаат надоместоци врз основа на обемот и видот на нивното пакување, а овие средства се насочени кон воспоставување и одржување на системот за рециклирање. Овој сеопфатен пристап, поддржан со учество на потрошувачите, катализираше повисоки стапки на рециклирање, намалување на отпадот од пакување и опиплив придонес за зачувување на ресурсите на глобално ниво. Пораката на Green Dot е едноставна: заедно, можеме да го направиме светот позелено и почисто место за живеење.