Новиот оперативенн систем ќе дебитира со претстојната Xiaomi 14 серија паметни телефони и ќе го замени познатиот MIUI интерфејс
Xiaomi ќе претстави нов оперативен систем наречен HyperOS, а за него дознавme од Извршниот директор на компанијата, Леи Јун. Новиот интерфејс ќе дебитира со претстојната серија на паметни телефони Xiaomi 14 и ќе го замени познатиот MIUI.
Новото решение ќе го користи и целиот производен екосистем на компанијата, вклучувајќи ги апаратите за домаќинство, автомобилите и многу повеќе. Xiaomi наведува дека првичниот истражувачки развој започнал во 2014 година.
Како што е случајот со HarmonyOS на Huawei, HyperOS ќе ги поврзува паметните телефони на Xiaomi, гаџетите, IOT уредите, возилата и сè друго што работи на електрична енергија. Наводно се работи за над 200 категории на уреди.
Today marks a historic moment. After years of collective work, our new operating system, #XiaomiHyperOS, is set to make its official debut on #Xiaomi14Series. pic.twitter.com/bNJqIyD8y0
— Lei Jun (@leijun) October 17, 2023
HyperOS е базиран на Android и системот Vela, кој компанијата само го разви. Новиот оперативен систем ќе ја има својата премиера на претстојната Xiaomi 14 серија смартфони.
Ова значи дека Xiaomi 14 уредите ќе биде првите во последните 13 години без MIUI интерфејсот и ќе го означи почетокот на новата ера на уредите на Xiaomi.