Премиерата на Xiaomi 14 Pro во Кина (глобалната ќе се одржи подоцна) веројатно ќе се одржи на 27 октомври, па време е да видиме со каков дизајн ќе не изненади уредот. Веб-страницата 91mobiles и дојавувачот OnLeaks објвија серија компјутерски генерирани рендери кои се креирани врз основа на CAD-фајлови, па можеби нема покажуваат 100 отсто од конечниот дизајн, но се доволно блиску до него.
Според информациите, Xiaomi 14 Pro ќе нуди AMOLED рамен дисплеј со дијагонала од околу 6,6 инчи, за разлика од заоблениот панел кај 13 Pro, кој има дијагонала од 6,73 инчи. Повторно ќе има центриран отвор за селфи камерата, додека на задниот панел може да се види модулот за главната камера, кој ќе вклучува најмалку три сензори и малку поинаков распоред.
Уредот ќе нуди и рамна метална рамка, а неговите димензии изнесуваат 161,6 x 75,3 x 8,7 мм со дебелина на камерата од 13,1 мм. Што се однесува до чипсетот, новиот Snapdragon 8 Gen 3 очекуваме да биде претставен подоцна овој месец. Според гласините, камерата ќе има главен сензор од 50 MP, а батеријата ќе поддржува жично полнење со моќност до 120 вати.