Snapchat воведе две нови функции, вклучувајќи ја и можноста за вградување содржини од оваа платформа на веб-страници.
Корисниците сега можат да вградуваат Lenses, Spotlight клипови и јавни приказни или профили преку своите веб-прелистувачи со едноставно кликање на копчето „embed“ под опцијата „share“. На тој начин, кодот ќе се копира автоматски, баш како во случајот на Instagram и TikTok.
По неколку години обиди да ја „надрасне“ сликата на платформа за споделување фотографии, опцијата за вградување е логичен чекор за Snapchat. Ова претсавува надградба на другите функции како написи, откривање локални точки на интерес и Snapchat for Web.
Покрај embed, Snapchat лансираше и функција која им овозможува на корисниците да ги прошират своите снимки од повеќе можни средини. Алатката е слична на Content-Aware Fill на Photoshop, но во овој случај проценува како изгледа целата гранична област во споредба со една целна област. Оваа функција е достапна за претплатниците на Snapchat+.
Компанијата редовно користи алатки за вештачка интелигенција како поволност за своите повеќе од 5 милиони претплатници на Snapchat+. Функцијата Dreams со вештачка интелигенција, која им овозможува на корисниците да генерираат осум пакети „фантастични“ фотографии, е ограничена на една употреба за „редовни корисници“ или еден сет месечно за корисниците на Snapchat+. Дополнителните пакети чинат 0,99 долари.
Snapchat брзо го усвои трендот на вештачка интелигенција и во февруари понуди четбот наречен My AI користејќи ја GPT технологијата на OpenAI. Четботот првично беше достапен само за претплатниците на Snapchat+, а подоцна и за сите останати.