Сите што често патуваат, без оглед на превозното средство, сакаат удобно и безбедно возење. Тоа важи и за летањето со авион, но турбуленциите може да бидат многу штетни за авионот и за патниците. Причината за турбуленциите вообичаено е разликата во атмосферскиот притисок, струење на воздухот, воздухот околу планините, ладен и топол фронт, како и грмотевици.
Некои истражувања востановија дека турбуленциите растат поради климатските промени, но една австриска компанија тврди дека развила систем кој ефикасно го решава овој проблем. Станува збор за компанијата Turbulence Solutions со седиште во Виена, која сака да ги намали последиците од турбуленциите со следење, прогнозирање и контрола на ситуацијата со помош на сензори и софтвер за контрола на летање.
Системот наречен Turbulence Cancelling може да ги намали турбуленциите кои ги чувствуваат патниците за над 80 проценти. Овој систем се состои од две шипки долги два метра, кои се опремени со сензори и се фиксирани на крилјата на авионот. Опремата открива мали флуктуации на воздушниот притисок на различни делови од трупот на авионот и врз основа на тие податоци ги подесува крилјата. Слична функција имаат и перјето на птиците, кое им овозможува стабилизациј во воздухот. Собраните податоци се внесуваат преку програма за сузбивање на турбуленцијата, што резултира со контрабаланс во милисекунди.
Технологијата е наменета за користење во текот на летот, а не за полетување и слетување. Од компанијата трвдат дека тестирањето веќе ги потврдило позитивните ефекти од технологијата, која помогнала да се намалат турбуленциите кои ги чувствуваат патниците за повеќе од 80 отсто.
Постојаните прилагодувања кои ги врши системот се разликуваат од она што го прави пилотото, така што можат да се поништат во секој момент и не ги попречуваат стандардните контроли на летање.