Познатиот аналитичар Минг Чи-Куо превидува дека Apple развива поголем iMac Pro модел со Mini LED екран од 32 инчи, но дека овој компјутер би требало да биде претставен за две години, односно во 2025 година.
Иако гласините претходно сугерираа дека ќе видиме нов M3 чип на Apple уште оваа година со подобрени перформанси за MacBook Air линијата, се чини дека неговото лансирање е одложено за следната година. Во исто време, наводно ќе го видиме следниот 24-инчен iMac токму со тој чип, бидејќи се чини дека компанијата решила да ја прескокне М2 генерацијата на чипови.
Додека Apple се подготвува да го пласира новиот чип на пазарот, неговиот 24-инчен iMac сè уште работи на две години стариот М1 чип, а новиот модел ќе премине директно на М3, тврди познатиот новинар Марк Гурман. Освен Гурман, аналитичарот Минг-Чи Куо исто така тврди дека апдејтуваниот 24-инчен iMac со М3 чип ќе пристигне во 2024 година, но не споменува кој процесор ќе користи следниот All-in-one компјутер на Apple.
Ако овие информации се испостават како точни, M3 ќе биде повеќе од добредојден додаток на новиот модел, бидејќи се работи за самостоен десктоп компјутер, а не MacBook.
Новиот M3 чип е произведен од TSMC во производствен процес од 3 nm, кој е дизајниран да обезбеди подобрени компјутерски и графички перформанси. Исто така, овој процесор треба да троши помалку енергија, што може да донесе подолго траење на батеријата кај идните MacBook Air и MacBook Pro модели. Овие модели треба да се појават следната година со M3, M3 Pro и M3 Max чипови.
Покрај тоа, Куо превидува и дека компанијата развива поголем iMac Pro модел со Mini LED екран од 32 инчи, но дека овој компјутер би требало да биде претставен за две години, односно во 2025 година.