Samsung пред извесно време соопшти дека продажбата на нивните паметни телефони со екрани на преклопување веќе ги надминала оние од серијата Galaxy Note. Компанијата ќе надмине 10 милиони продадени преклопни смартфони оваа година, а целите за 2024 година се уште повисоки.
Според податоците од Јужна Кореја, Samsung има за цел да продаде 20 милиони примероци, што ги вклучува претстојните модели Galaxy Z Flip6 и Fold6. И покрај растот на продажбата во сегментот, веќе има многу поинтензивна конкуренција, во случајов од кинеските производители Huawei, OnePlus, OPPO, Tecno, vivo и Xiaomi, кои во некои области нудат подобри уреди.
Инаку, следната година Samsung сака да ја намали дебелината на моделите и да воведе промени во односот на Galaxy Fold6. Во моментов, актуелните модели на другите производители се OPPO Find N3/N3 Flip, OnePlus Open, Huawei Mate X5, како и Xiaomi MIX Fold 3.