Кобалтот, никелот и литиумот од искористените батерии за електрични автомобили повторно ќе се користат во нови батерии. Тоа е она што Европската Унија го бара со новата Директива за батерии донесена во август.
Шведската компанија „Стена рисајклинг“ отвори фабрика за рециклирање автомобилски батерии во Халмстад. Во фабриката се мелат старите батерии за електрични автомобили за потоа повторно да се користат.
Првиот чекор од процесот е голема мелница каде што мелењето се одвива со 100 проценти азот. Ова спречува искри, т.е. пожари.
Во следниот чекор, материјалот се обработува во вакуумска машина за сушење на 150 Целзиусови степени, а потоа материјалот се лади. Во последниот чекор добиениот материјал се подредува на фракции – пластика, алуминиум, челик, бакар и гранулат со висока содржина на графит, кој содржи и различни метали. Дел од овие материјали мора повторно да се употребат во нови батерии.
Фабриката има капацитет да рециклира батерии од 30.000 до 40.000 електрични автомобили годишно. Четири лица во една смена се доволни за фабриката да функционира. Капацитетот може да се зголеми со проширување на опремата и воведување повеќе смени.