Apple денеска испрати покани за претстојниот медиумски настан „Scary Fast“, кој ќе се одржи на 30 октомври.
Покрај тоа што настанот е закажан за вечерта пред Ноќта на вештерките, овој слоган би можел да биде референца за новиот процесор што се очекува оваа есен. Сите информации укажуваат дека M3 чипот на Apple ќе пристигне на време за последниот голем настан на компанијата, пред да земе замав сезоната за купување подароци во ноември и декември.
Ова секако е во согласност со неодамнешните извештаи дека залихите на MacBook Pro и iMac се при крај, што ги прави овие овие два модела главни кандидати за освежување. Се разбира, MacBook Pro веројатно ќе пристигне со Pro или Max варијанта на M3 процесорот, додека 24-инчниот iMac ќе го користи стандардниот М3 чип, целосно прескокнувајќи го ажурирањето на М2. Поголемиот и помоќен 32-инчен модел iMac Pro е одложен за следната година.
Последната најава за голем десктоп чип на Apple беше M2 Ultra, кој пристигна заедно со втората генерација на Mac Studio на WWDC во текот на летото. Сепак, претходните гласини укажаа на ограничувањата во синџирот на снабдување што го принудија Apple да го одложи 3-нанометарскиот M3 до 2024 година.
Она што е невообичаено е и времето на одржување на настанот. Настаните на Apple, виртуелни или не, вообичаено се случуваат околу 10 часот по локално време, но овој е закажан за 17 часот (2 часот по полноќ по македонско време). Вечерниот термин на одржување на настанот повторно е заснован на Ноќта на вештерките, така што името на настанот „Застрашувачки брз“ не треба да изненадува.
Настанот ќе можете да го следите во живо на YouTube линкот подолу.