Сите модели на iPad Air кои Apple досега ги пласираше на пазарот имаа екрани помали од 11 инчи, но DigiTimes тврди дека компанијата од Купертино сега работи на поголем модел со екран од 12,9 инчи.
Цитирајќи „извори од индустријата“, DigiTimes објави дека 12,9-инчниот iPad Air ќе користи LCD наместо Mini-LED панел, каков што моментно користи актуелниот 12,9-инчниот iPad Pro.
Неодамна се шпекулираше дека Apple работи на два модели на iPad Air со идентификациски броеви J537 и J538, од кои едниот може да биде 12,9-инчен iPad Air, а другиот 11-инчен модел.
Повеќе детали за овие верзии може да се појават во наредните месеци.