Иако музиката на HomePod можеше и претходно да се слуша преку YouTube Music, Google сега објави целосна интеграција на својата услуга за стриминг и паметниот звучник на Apple.
По првичното тестирање на годинешната WWDC конференција, Google објави дека Apple HomePod сега ја поддржува нивната услуга за стриминг музика YouTube Music.
„Официјално ја започнавме поддршката за YouTube Music на HomePod за сите членови на Premium и Music Premium ширум светот. За да стартувате музика, треба да кажете „Еј Siri, пушти музика на YouTube Music“, велат од Google.
За сè да функционира во најдобар ред, треба да ја имате најновата апликација YouTube Music и да ја поврзете со HomePod. Конекцијата се прави така што одите во Settings, потоа на Connected Apps и изберате Connect with HomePod.
YouTube Music може да се постави и како стандардна услуга за стриминг музика на HomePod, што го прави уште побрзо пуштањето на музика.