Nvidia и AMD активно работат на развој на ARM процесори за Windows компјутери, кои наводно ќе ги претстават во 2025 година
Nvidia и AMD наводно планираат да претстават ARM процесори за компјутерите со Windows. Nvidia веќе почна да развива вакви процесори, а според извори на Ројтерс, двете компании треба да ги лансираат веќе во 2025 година.
Ова е, всушност, еден вид продолжување на планот на Microsoft да им помогне на другите производители на чипови да изградат ARM процесори за компјутерите со Windows. Во развојот и изградбата на вакви процесори, на Nvidia и AMD ќе им помогне Qualcomm, кој е во „игра“ од 2016 година.
Иако портпаролите на Nvidia и AMD одбија да ги коментираат овие наводи, факт е дека нивното влегување во развојот на ARM процесори може да претставува нова конкуренција за Apple, што всушност и го посакува Microsoft.
Развојот на нови процесори може дополнително да биде забрзан, бидејќи Qualcomm исто така влегува на пазарот на персонални компјутери со развивање на сопствени Snapdragon X Elite CPU чипови.
По ширењето на оваа информација, акциите на компаниите се променија. Акциите на Nvidia пораснаа за 3,84 отсто, додека акциите на Intel паднаа за 3,06 отсто, додека на Arm пораснаа за речиси пет, или 4,89 отсто.