Xiaomi официјално ќе ја претстави својата Xiaomi 14 серија паметни телефони на 26 октомври, но пред тоа се објавени фотографии кои целосно го откриваат неговиот дизајн.
Xiaomi 14 е прикажан во бела боја, со рамна сјајна рамка која може да биде изработена од нерѓосувачки челик. Смартфонот има 6,36-инчен AMOLED екран со засек за селфи камера, дебелината на горните и страничните рабови изнесува 1,61 мм, а на долната страна е 1,71 мм. Од десната страна се наоѓа копчето „Power“, како и копчињата за јачина на звук.
На задната страна се поставени три камери со Leica Summilux објективи и главен сензор од 1/1,31-инчи со големина на пиксели од 1,2 µm и отвор на бленда f/1,6. Се работи за OmniVision OV50H сензорот од 50 MP, на кој му се придружува телефото објектив од 75 мм од 50 MP и ултраширока камера од 50 MP.
Xiaomi објави неколку примероци на фотографии од новите камери на својот профил на социјалната мрежа Weibo.