Apple ги објави првите големи ажурирања на iOS 17 и iPadOS 17, односно се работи за верзиите iOS 17.1 и iPadOS 17.1. Со новиот апдејт, компанијата додаде поддршка за продолжување на AirDrop трансферот преку интернет кога AirDrop е надвор од опсегот.
Апликацијата Apple Music сега вклучува опција за омилени песни, албуми и плејлисти. Исто така, на крајот од секоја плејлиста има препораки за нови песни. Ажурирањето ги намалува и емисиите на радијација од iPhone 12 серијата.
Во iOS 17 се присутни и доста поправени багови, вклучувајќи грешки со долготрајни слики на екранот, како и проблем со синхронизацијата на времето на екранот помеѓу уредите. Исто така, има и повеќе опции за управување со исклучувањето на дисплеите кај Pro моделите од последните две серии.
iPadOS 17.1 додава поддршка за Apple Pencil со USB-C. Компанијата исто така ги објави и iOS 16.7.2 и iOS 15.8 со многу исти безбедносни поправки за уредите со постари верзии.

