Украинскиот Brave1, воен технолошки кластер, разви робот камиказa наменет за борба против руската агресија на нејзина територија. Наречен Ratel S, роботот овозможува прецизни напади од безбедно растојание.
Руската инвазија на Украина започна во февруари 2022 година и наиде на жесток отпор благодарение на некои брзи украински воени иновации. Веќе е познато дека украинските сили користат евтини беспилотни летала за напад на руските тенкови, а сега развиен е и робот кој може да се користи во напади во стилот на камикази.
Ratel S е дизајниран да ѝ овозможи на украинската војска да ги нападне руските тенкови и утврдувања од безбедно растојание. Роботот изгледа како играчка монстер трак, но е дизајниран да носи противтенковска мина или бомба. Се контролира електронски и може да достигне брзина од 24 км/ч. Може да работи на терен до 2 часа со целосно наполнета батерија и да „игра игра на чекање“ доколку е потребно пред да ја разнесе непријателската опрема. Лицето кое го контролира роботот може да биде оддалечено и до 6 километри и на тој начин да ја заштити својата безбедност притоа нанесувајќи максимална штета на непријателот.
Роботот веќе ги помина сите тестови на терен и е во фаза на производство, па ќе биде додаден во арсеналот на оружје на Украина.
Минатата година Украина стана првата земја во светот која разви флота на поморски беспилотни летала. Ваквите иновации ѝ помогнаа да се спротивстави на руската агресија и во исто време да ја намали зависноста од вооружувањето на западните сили. Ова беше овозможено од технолошките кластери како што е Brave1.
Пред инвазијата, Украина беше центар на иновации во воениот сектор и работеше на различни аспекти на воената технологија, меѓутоа, по инвазијата, различни министерства на украинската влада се собраа и го забрзаа воведувањето на иновациите.
Иновациите како што е роботот Ratel S лесно и брзо се испраќаат на терен и ги зголемуваат можностите за отпор од безбедно растојание. Ова е нова ера на бојното поле каде роботите можат да бидат поефикасни од тенковите.