Се чини дека Apple планира да ја обнови целата AirPods линија безжични слушалки во следните две години, според информациите на Bloomberg. Првото ажурирање ќе се однесува на стандардните AirPods и AirPods Max, а најавено е за следната година. Потоа, ќе следи и надградба на AirPods Pro во 2025 година.
Во моментов, тековните понуди на компанијата се втората генерација на AirPods од 2019 година, третата генерација од 2021 година, втората генерација AirPods Pro и AirPods Max. Изгледа дека Apple ќе ги замени двете варијанти на стандардните слушалки со нови модели и значителни подобрувања.
Дизајнот ќе претставува микс помеѓу AirPods од 2021 година и AirPods Pro, и ќе се базира на пократки стебла. Поскапата варијанта ќе нуди активно поништување на шумот (Active Noise Cancellation) и звучници во куќиштето наменети за функцијата Find My, моментно достапни во актуелниот AirPods Pro ,одел. Не се очекува додавање на заменливи врвови, а футролите ќе имаат USB Type-C приклучок. Покрај тоа, AirPods Max исто така ќе се префрлат на USB-C порт.