OLED екраните еволуираа од карактеристика резервирана само за флегшип смартфони до решенија кои навлегоа и во попристапните сегменти. Сега се чини дека Samsung ќе ја донесе технологијата дури и до својата буџетска серија Galaxy A1x.
Новите податоци од The Elec сугерираат дека Galaxy A15 следната година ќе има OLED панел, а телефонот се очекува да има 6,4 инчен екран со засек вио форма на солза.
Galaxy A15 најверојатно ќе има 4G и 5G верзии, при што првата ќе има Helio G99 чипсет, 4GB RAM и Android 14. Меѓу останатите спецификаии, најверојатно ќе има главна камера со сензор од 50 MP и батерија со капацитет од 5000 mAh и брзо полнење до 25 вати.
Традиционално, нови дополнувања на линијата се појавуваат во првиот квартал од годината.