Претходните анализи направија неточни проценки за јадрото, кое, според новите пресметки, е нешто помало и погусто отколку што се мислеше.
Податоците од ударот на метеорит на Марс, снимени од лендерот InSight на НАСА во 2021 година, сега помагаат да се расчисти одредена забуна околу неговиот состав. Две студии објавени во списанието Nature покажаа дека јадрото на Марс богато со железо е помало и погусто од претходните мерења и е опкружено со стопена карпа.
Сега веќе непостоечкиот лендер InSight, кој пристигна на Марс во ноември 2018 година, помина четири години снимајќи сеизмички бранови создадени од земјотреси за научниците подобро да разберат што се случува под површината на планетата. Сепак, првичните проценки за внатрешноста не беа конзистентни.
Во тоа време, научниците открија дека радиусот на јадрото е некаде помеѓу 1.799 и 1.849 километри, што би го направило многу поголемо од очекуваното. Згора на тоа, според таа анализа, требаше да содржи збунувачки голема количина полесни елементи за да го надополни неговото тешко течно железо.
Врз основа на овие мерења, двата тима открија дека јадрото на Марс има веројатен радиус од околу 1.530 до 1.705 километри. Тоа, забележува тимот на ETH Цирих, е околу половина од радиусот на самиот Марс. Помалото јадро значи и дека е погусто.
Според тоа, претходно необјаснивото изобилство на лесни елементи всушност може да постои во помали, поразумни количини. Сето ова е опкружено со слој од стопени силикати долг околу 144 километри, открија тимовите, што ги искриви првичните проценки. Исто така, тоа не е ништо слично на она што го имаме во внатрешноста на Земјата.
Според Ведран Лекиќ од Универзитетот во Мериленд, коавтор на вториот труд, слојот служи како еден вид „вжештен покривач за јадрото кое „концентрира радиоактивни елементи“. Неговото пропучување може да им помогне на научниците да добијат одговори за формирањето на Марс и недостатокот на активно магнетно поле на него, заклучува Engadget.