Со приближувањето на премиерата на новата Galaxy S24 серија, гледаме се повеќе датуми за претставувањето на идните уреди, од кои повеќето се неофицијални. Сепак, Samsung сподели видео во кое открива некои од можностите на својот нов камера сензор ISOCELL од 200 MP во комбинација со чипсетот Snapdragon 8 Gen 3.
Оваа комбинација најверојатно ќе ја користи идниот флегшип модел Galaxy S24 Ultra. Помеѓу интересните функционалности е Zoom Anyplace за автоматско следење на објекти и симултано снимање на целосна слика од целата сцена. Таквиот сензор во пракса снима два 4K текови.
Оваа опција исто така може автоматски да ги следи објектите и да ги одржува во фокус во реално време и во движење. Друга иновација е можноста за обработка на слики преку E2E AI Remosaic, изведувајќи ги активностите паралелно. На овој начин, снимањето ќе се направи двојно побрзо. Со приближувањето на премиерата на почетокот на следната година, сигурно ќе бидеме сведоци на повеќе датуми поврзани со идните предводници.