Во среда (1 ноември) во Културно информативниот центар во Скопје од 20 часот концерт ќе одржи австриското дуо SO SNER. Настанот е дел од културна понуда на Град Скопје Европска престолнина на културата 2028.
Стефан Шнајдер и Сузана Гартмаер го формираат проектот SO SNER, кој своето постоење го должи на концертот во 2015 година на фестивалот Approximation во Дизелдорф. Полифониите на бас-кларинетот на Гартмаер толку го импресионирале Шнајдер што тој брзо предложил соработка. Истата година, тие почнаа да го снимаат албумот „Reime“ во поранешното студио Kling Klang на Kraftwerk, кое во 2015 година стана работен простор и место за концерти едноставно наречено Elektro Müller. Вториот дел е снимен во летото 2020 година во Дизелдорф-Кајзерсверт во црквата Стамхаус, чија внатрешна дрвена облога ја олесни органската акустика.
Покрај соло проектот Mapstation, музичарот и продуцент од Дизелдорф, Стефан Шнајдер, повеќе од 20 години бара нови патишта на експериментална музика, во бројни соработки со Софија Јернберг, пионерот на Краутрок, Ханс-Јоаким Роделиус, или визуелниот уметник Катарина Гросе.
Сузана Гартмаер е активна како музичар и композитор во различни области помеѓу експериментална рок музика, импровизација и мултимедијална изведба на звук од раните 2000-ти, објавувајќи ги албумите „Smaller Sad“ со Кристоф Курцман и „Black Burst Sound Generator“ со Бригита Беденауер во 2020 година.
Така, звукот на SO SNER е подеднакво ориентиран кон експериментот и традицијата, чии корени можат да се бараат назад во Британската музика од раните 80-ти, ера во која соулот и синтот, џезот и индастиалот, авангардата и полиритамот беа споени со помош на интелектуализмот и панк ставот на таков начин што се појавија многубројни скици на можна музика која се создава денес. Токму како музиката на SO SNER.
Повеќе информации за концертот може да најдете ТУКА.