Корисниците на поновите модели на BMW и Toyota Supra кои имаат и iPhone 15 пријавуваат проблем поврзан со безжичното полнење во автомобилот и NFC чипот на мобилниот телефон
Возачите на BMW кои користат некои од iPhone 15 моделите пријавуваат необичен проблем на онлајн форумите. Имено, тие тврдат дека NFC чиповите на новиот iPhone престануваат да работат по безжичното полнење во автомобилот.
Како што пренесува 9to5Mac, проблемот го забележал и самиот Apple по бројните извештаи, наведувајќи во својот интерен допис до овластените служби дека „мал број“ безжични полначи во поновите модели на BMW и Toyota Supra можат привремено да ги оневозможат NFC можностите на уредот.
Тие не ја прецизираа причината за проблемот, но затоа им порачуваат на корисниците да не користат безжични полначи во својот автомобил додека не се реши проблемот со скорешно ажурирање на софтверот. Во целата ситуација се вклучи и BMW.
„Проблемот во моментов се истражува во соработка со Apple. Не можеме да понудиме точна временска рамка за поправка, но се надеваме дека наскоро ќе добиеме ажурирање“, објави BMW UK на социјалната мрежа X.
Hi Matthew, thanks for your post. The topic is currently being investigated together with Apple. We can’t offer a timeframe but we hope to get an update soon.
— BMW UK (@BMW_UK) October 6, 2023