Apple рано утринава на медиумскиот настан „Scary fast“ претстави нови MacBook Pro лаптопи, базирани на новите M3 процесори, први во индустријата произведени во 3-нанометарски процес.
Најголемата визуелна промена кај новите 14 и 16-инчни преносни компјутери е присуството на новата Space Black боја која е доста потемна од Space Grey варијантата. Оваа опција е достапна за двата модели со M3 Pro и M3 Max чипови, Според компанијата, оваа облога е прилично отпорна на отпечатоците од прсти.
Покрај 14 и 16-инчните модели со M3 Pro и М3 Маx процесори, претставен е и поевтин 14-инчен MacBook Prо со М3 чип, кој претставува замена за досегашниот достапен 13-инчен MacBook Pro со TouchBar. Според Apple, новиот 14″ MacBook Pro со M3 е 60 проценти побрз од 13-инчниот модел со M1 чип и се карактеризира со траење на батеријата до 22 часа. Овој 14-инчен модел сега доаѓа и со потенки рамки околу екранот и засек за предната камера и сензорите. Покрај тоа, содржи три Thunderbolt 14 порта, HDMI, читач на SD картички и MagSafe конектор.
Останатите хардверски карактеристики на лаптопите остануваат во голема мера исти, вклучувајќи ги и функциите како што се FaceTime 1080p камерата и звучниот систем со шест звучници. Единствената мала промена е тоа што Liquid Retina XDR дисплеите на новиот M3 MacBook Pro сега можат да прикажуваат 20 проценти посветла SDR содржина од претходно со максимална осветленост од 600 нита. Претходната генерација беше ограничена на 500 нита.
Новите M3 Pro процесори донесуваа подобрување на перформансите за 40 проценти во однос на M1 Pro, а Новите системи со M3 Max поддржуваат и до 128 GB системска меморија. Покрај тоа така, постои поддршка за хардверско забрзување за технологии за следење зраци и засенчување на решетката.
Ажурираниот 16-инчен MacBook Pro со M3 Pro чип сега нуди до 22 часа траење на батеријата со едно полнење, што е прилично достигнување.
Цените во САД почнуваат од 1599 долари за 14″ M3 MacBook Pro, 1999 долари за 14 инчниот модел со M3 Pro и 2500 долари за 16″ MacBook Pro сo М3 Pro. Нарачките се вече почнати, а продажбата започнува на 7 ноември.