Huawei додава нов модел на својата nova 11 серија паметни телефони. Станува збор за nova 11 SE, а дебитираше во Кина со OLED екран со дијагонала од 6,67 инчи, Full HD+ резолуција, брзина на освежување до 90 херци и отвор во кој има селфи камера од 32 MP.
Компанијата не ги прецизираше користениот чипсет и системската меморија, но смартфонот се одликува со 4G мобилна конекција. Меморијата за фајлови доаѓа во две големини 256 GB и 512 GB, а батеријата има капацитет од 4500 mAh со технологија за брзо полнење до 66 вати.
Главната камера вклучува сензор од 108 MP со отвор на бленда f/1,9, ултраширокоаголен објектив од 8 MP и макро објектив од 2 MP. Смартфонот има тенок профил од 7,39 мм и тежок е 186 грама. Софтверски го покренува HarmonyOS 4, а се забележува и присуство на скенер за отпечатоци вграден под дисплејот.
Моделот ќе биде достапен во Кина во зелена, бела и црна боја со цени почнувајќи од 257 евра. Останува да се види дали телефонот ќе се појави и на глобалниот пазар.