Командант на новата мисија е 48-годишниот Танг Хонгбо, вселенски ветеран кој се вратил на Земјата пред две години по тримесечен престој во вселената во мисијата Шенжу 12. Со него се 33-годишниот Танг Шенџи и 35-годишниот Џианг Ксинлин, кој за прв пат полета во вселената.

Гледајќи ја просечната возраст, тоа е најмладиот екипаж што Кина го испрати во вселената. Кина ја зајакнува својата вселенска програма и планира да испрати астронаути на Месечината во 2030 година.