Еден месец пред почетокот на продажбата, во Македонија постои огромен интерес за технолошки најнапредниот уред наменет за возрасните пушачи, кои се заинтересирани за подобри алтернативи на цигарите.
Секое лансирање на нова технологија во светот, која го подобрува корисничкото искуство, го следи огромен интерес, а паметиме дека во не толку далечното минато, за најновите верзии на мобилните телефони, пред продавниците на светските метрополи се чекаше и по цел ден. Тогаш многумина сакаа само да бидат први сопственици на новите, убаво дизајнирани гаџети. Во денешно време, меѓутоа, потрошувачите се далеку поосвестени, па нестрпливо ги очекуваат оние производи кои даваат најдобри одговори на нивните реални потреби.
Полнолетните пушачи кои не се откажуваат од оваа штетна навика, но сакаат да го намалат ризикот по своето здравје, знаат дека во светот веќе постои IQOS ILUMA, најсовремениот, научно заснован уред, кој е докажано помалку штетна алтернатива во споредба со цигарите.
По светската премиера, во Јапонија, Швајцарија, Италија, овој месец IQOS ILUMA конечно пристигнува и во Македонија. Покрај новиот дизајн, ја донесува и целосно новата технологијана индукциско загревање, што е прва разлика во однос на претходната генерација на уреди.
Покрај тоа што технологија го загрева тутунот, без согорување, без пепел и катран, со помалку непријатни мириси, исто така овозможува повеќе нема да има потреба уредот да се чисти, со што значајно се унапредува корисничкото искуство.
IQOS ILUMA семејството вклучува три модели на уреди, кои се засновани на иста технологија. Сите уреди го загреваат, а не го согоруваат тутунот, со што се намалува нивото и количината на штетни материи во просек и до 95 проценти во споредба со чадот од цигарите. Иако содржи никотин кој предизвикува зависност и носи одредени ризици, претставува подобар избор, поедноставен и технолошки напреден производ за возрасните, кои инаку би продолжиле да пушат.