Новите информации од познатиот новинар на Bloomberg, Марк Гурман сугерираат дека Apple планира да додаде можности за мерење на крвен притисок и апнеја при спиење на Apple Watch во 2024 година. Во однос на крвниот притисок, системот ќе укажува на промена на номиналните нивоа.
За да се избегне потенцијално давање погрешна дијагноза, функционалноста ќе го насочи корисникот да контактира со лекар или да користи надворешен уред за да обезбеди специфични читања. Инаку, идната верзија на овој систем, која е во развој, ќе може да дава и точни показатели.
Во однос на апнеја при спиење, ќе се користат податоци за спиење и дишење за да се утврди дали оваа состојба е присутна. Инаку, Apple работи и на неинвазивна метода за мерење на нивото на гликоза во крвта. Таа ќе се базира на силиконски фотонски чип кој испраќа ласерски зрак до кожата за да ја одреди концентрацијата. Сепак, оваа функционалност веројатно нема да се појави во следните неколку години.
Apple планира и да ги прошири можностите на AirPods во насока на помош за слуџот. Тоа би можело да се случи повторно во 2024 година. Компанијата ги истражува можностите и ја претвора својата претстојна кацига Vision Pro во здравствен уред. Ова вклучува функционалности за медитација и позитивно размислување за подобрување на менталното здравје.