Не беше потребно многу време за дел од функционалноста на Photomath, која ја преземa Google оваа пролет, да се најде во најкористените производи на Google, со милијарди корисници ширум светот.
Компанијата Google оваа година го купи хрватскиот стартап Photomath, познат по истоимената апликација за решавање математички задачи со помош на машинско учење и вештачка интелигенција. Сега интернет-пребарувачот нуди функции кои потсетуваат на оние на Photomath.
За проблеми од областа на математиката и физиката, отсега може да го користите пребарувачот Google. Со пребарување или користење на опцијата за прикачување фотографии, пребарувачот решава математички равенки.
Пребарувачот го покажува и процесот до кој се стигнува до решението, а доколку е потребно, има и објаснување. Со опцијата за прикачување фотографии Google Lens може да прикачувате фотографии со математички и геометриски проблеми, а пребарувачот ќе ги реши.
Google има и над илјада нови помагала за визуелно учење од областа на науката, технологијата, инженерството и математиката. Доколку пребарувате поим од некоја од овие области, сега ќе добиете и визуелна претстава во форма на дијаграм во резултатите од пребарувањето. Во дијаграмот ќе биде објаснет поимот преку интерактивни илустрации.