Европскиот одбор за заштита на податоците соопшти дека донел обврзувачка одлука, со која на сопственикот на Facebook и Instagram му забранува користење на лични податоци на корисниците за целни реклами.
„Се воведува забрана за обработка на лични податоци за насочено рекламирање врз правна основа на договор и легитимен интерес низ Европската економска област“, објави Европскиот одбор за заштита на податоци (EDPB), пренесува France 24.
Наредбата доаѓа откако Meta објави дека корисниците на Facebook и Instagram во Европа од овој месец ќе можат да се претплатат за користење на социјалната мрежа без никакво рекламирање.
Meta веќе најави дека ќе им даде можност на граѓаните во ЕУ и во Европската економска област да одобруваат, а во ноември ќе понудат претплатен модел во согласност со регулаторните барања“, изјави претставник на Meta.
Одлуката го принудува ирскиот регулатор за податоци, кој има јурисдикција над операциите на Мета во Европа, да преземе конечни дејствија по ова прашање во рок од две недели, а забраната стапува на сила седум дена подоцна.