Дојавувачот Ice Universe на социјалната мрежа X објави дека Galaxy S24 серијата ќе доаѓа во различни бои, вклучувајќи ја и портокаловата.
Пред извесно време беше објавено дека Samsung ќе ја претстави својата следна флегшип Galaxy S24 серија порано од вообичаено. Сега има поконкретни податоци во оваа насока. Според јужнокорејското издание SBS Biz, премиерата ќе се одржи на 17 јануари, а настанот Unpacked ќе биде во САД, поточно во Сан Франциско.
На тој начин, презентацијата ќе се одржи една недела по големиот технолошки саем CES. Потсетуваме дека оваа година Galaxy S23 серијата беше објавена на 1 февруари, а порталот Конект.мк беше единствен од Македонија што присуствуваше во Сан Франциско, на лице место на претставувањето. Една година претходно, Galaxy S22 линијата беше најавена на 9 февруари.
Инаку, во последно време не недостигаат гласини поврзани со идната серија. Овие денови беа потврдени очекувањата дека S24 и S24+ моделите ќе користат различни чипсети во зависност од регионот. Од друга страна, Galaxy S24 Ultra ќе пристигне со Snapdragon 8 Gen 3 for Galaxy чипот за сите региони.
Color options for Galaxy S24 series:
Black, gray,violet, yellow, green, blue, orange.— ICE UNIVERSE (@UniverseIce) November 2, 2023
Покрај тоа, веќе некое време се шпекулира и за дизајнот и спецификациите на претстојните флегшип модели на Samsung, но никој досега не ги спомена нивните бои. Реномираниот дојавувач Ice Universe објави на социјалната мрежа X во кои бои ќе можат да се купат Galaxy S24, S24+ и S24 Ultra.
„Комбинациите на бои за Galaxy S24 серијата ќе бидат – црна, сива, виолетова, жолта, зелена, сина и портокалова“, објави Ice Universe.
Шефот на Qualcomm потврди дека Galaxy S24 серијата ќе користи и Exynos чипови