Fortnite го собори рекордот со тоа што стана игра со најмногу играчи истовремено, а се зголеми и бројот на гледачи на платформата Twitch.
Во еден момент, дури 5,8 милиони играчи беа активни во оваа видео игра, што е најмногу од излегувањето на Fortnite.
Од оваа бројка, речиси четири милиони го играле режимот Battle Royale, а новиот рекорд е поставен само еден ден откако играта ја врати мапата што ја немаше од 2019 година.
Покрај ова, Fortnite стана и најгледаната видео игра на платформата Twitch, што веројатно е најмногу благодарение на стримерите како Ninja.
Epic Games ја планира оваа „Fortnite OG сезона“ само во текот на ноември, но можеби ќе го продолжи времетраењето на старата мапа, поради големиот успех што го постигна.