Телеком им помага на бизнисите да се заштитат
Заканите за сајбер безбедностa експоненцијално пораснаа во последниве години. Брзиот развој науслугите базирани на облак (cloud) и вештачката интелигенција (АI) придонесоа за овој брзпораст. Во екстремни случаи, сајбер нападите можат не само да го оштетат, туку и целосно да гозагрозат постоењето на бизнисите.
И покрај тоа, свеста за сајбер заканите е многу ниска и се чини дека воопшто и не се зборува занив. Телеком им помага на бизнисите да се заштитат со подигање на свеста и со понуда набезбедносни решенија коишто овозможуваат бизнисот да остане безбеден и поврзан.
Три статистики во фокусот
Кои се главните области каде што бизнисите имаат најголеми слабости и се најизложени назакани:
81% од бизнисите не обезбедуваат обука за сајбер безбедност за своите вработени;
77% од компаниите немаат план во случај на сајбер напад
54% од сајбер нападите доаѓаат од фишинг (phishing) или спам електронска пошта (spam е-mails).
Овие застрашувачки статистички податоци, коишто покажуваат занемарување на сајбербезбедноста, лесно може да се подобрат со сајбер безбедносните решенија на Телеком.
Првиот чекор кон сајбер безбедноста е откривање на проблемот
Телеком отвори посебна веб-страница со прашалник, каде што секој може да го тестира нивото набезбедност во својата компанија. Целта на тестот е да се откријат слабите точки под „оклопот“ накомпаниите –проблематичните области на кои бизнисот најпрво треба да обрне внимание.
Започнете го краткиот тест за вашата компанија на: https://www.t-test.eu/mk
Погледнете ги видеата на следниот линк