Grok чини 16 долари месечно како дел од претплатата на X Premium Plus и моментно е достапен за ограничен број корисници
Eлон Маск и неговиот стартап за вештачка интелигенција xAI го лансираа Grok – чет-бот за вештачка интелигенција што треба да го надмине ChatGPT на OpenAI.
Мотивот за создавање на Grok е да се создадат алатки за вештачка интелигенција кои можат да му помогнат на човештвото да ги подобри своите истражувања и иновации, како што претходно објасни Маск во својата објава за платформата Х.
Маск и xAI истакнаа дека знаењето за светот во реално време е „уникатна и фундаментална предност“ што ја има Grok, која се користи преку платформата X.
„Исто така, ќе одговори на „жешките“ прашања на кои повеќето други системи за вештачка интелигенција одбиваат да одговорат. Grok е дизајниран да одговара на прашања генијално и има малку бунтовничка природа, затоа не го користете ако не ви се допаѓа хуморот!“, истакнува Маск.
Just released Grokhttps://t.co/e8xQp5xInk
— Elon Musk (@elonmusk) November 5, 2023
Системот, со кој е направен Grok е оценет со неколку академски тестови по математика и кодирање и нуди перформанси што се подобри од она што ChatGPT-3.5 може да го направи во сите тестови, според xAI.
Сепак, во ниту еден од тестовите Grok, не успеа да ја надмине најнапредната верзија на OpenAI – GPT-4.
Grok ќе биде достапен преку претплатата X Premium Plus, по цена од 16 долари месечно, а засега е ограничена само на одредени корисници во Соединетите Американски Држави.