Неодамна се појавија информации кои сугерираат дека претстојниот флегшип смартфон на Samsung, Galaxy S24 Ultra би можел да има титаниумска рамка. Овој материјал беше воведен од Apple кај Pro моделите од новата iPhone 15 серијата.
Информациите од јужнокорејското издание The Elec повторно укажуваат дека алуминиумската рамка ќе биде заменета со титаниумска. Легурата ќе ја произведува кинеската компанија Solomon.
Се чини дека Samsung започна со истражување во овoj правец уште пред две години, но дури неодамна одлучи да го користи овој материјал во финалниот производ. Јасно е дека притисокот доаѓа од Apple и новите модели на компанијата.
Планирано е да се произведат 15 милиони титаниумски рамки, кои се и до пет пати поскапи од алуминиумските. Се вели дека првично само Galaxy S24 Ultra ќе користи титаниумска рамка, но во зависност од повратните информации од корисниците, технологијата би можела да се воведе и кај другите модели на Galaxy.
Инаку, премиерата на серијата Galaxy S24 би можела да се одржи на 17 јануари во Сан Франциско.