Иако веќе некое време кружат гласини дека ќе биде претставен 27-инчен iMac со М чип на компанијата, Apple ги демантира гласините за неговото постоење
И покрај тоа што минатата недела Apple ги ажурираше своите MacBook Pro лаптопи и 24-инчниот iMac со новите M3, M3 Pro и М3 Max чипови, надежите дека ќе биде објавен 27-инчен iMac со М чип се конечно згаснати. Apple официјално ги негираше гласините дека има планови за издавање на таков компјутер и според компанијата iMac со 4К екран од 24 инчи е идеална замена за претходните 21,5 и 27-инчни модели на iMac.
Компанијата од Купертино невообичаено ги коментираше гласините, кои практично се постојано присутни кога се во прашање плановите и уредите, не само на оваа туку и на другите технолошки компании. Информации за ова даде Старлејн Меза, претставник за односи со јавноста на Apple за порталот The Verge.
За оние кои мислат дека 24-инчниот iMac е премногу мал, компанијата препорачува да го спарат 27-инчниот Apple Studio Display со Mac Studio или Mac Mini. Тоа, меѓутоа, значи дека ќе ја изгубите All-In-One интеграцијата што ја нуди iMac.
Сепак, дури и новиот 24” iMac има свои ограничувања, особено во однос на самиот процесор, бидејќи го користи основниот M3 чип и нуди максимум до 24GB RAM (основната конфигурација доаѓа со 8GB RAM) и четири USB-C портови, и тоа е се од аспект на поврзување. Во споредба со поголемиот iMac, кој имаше понапредни кориснички функции, вклучувајќи широк опсег на портови и можност за поврзување на SD картички, новиот компјутер баш и не се прослави.
Меѓутоа, доколку навистина се надевате на друг iMac компјутер со поголем екран, а во исто време сте големи, оваа вест можете да ја прочитате меѓу редови. Имено, иако Apple ги негира гласините за уред со екран со дијагонала од 27 инчи, компанијата не кажува експлицитно дека нема планови за компјутер со уште поголем екран. Уште повеќе што неодамна познатиот новинар Марк Гурман извести дека компанијата развива 32-инчен iMac Pro со Mini-LED екран, кој се очекува да биде претставен кон крајот на следната година.