Сајбер безбедноста е од суштинско значење за денешниот дигитален свет. Денес, ние сме изложени на сајбер закани повеќе од кога било досега и овој ризик растеекспоненцијално. Брзината и прецизноста на нападите стануваат сѐ пософистицирани, а компаниите коишто не се штитат го изложуваат својот бизнис на огромен ризик.
Параметри на ризик
Од гледна точка на теорија на ризик, постојат 3 параметри:
- Веројатност за појава на заканата
- Степен на ранливост на системот којшто можат да го користат хакерите
- Штета којашто може да биде предизвикана од сајбер заканата
Во најдоброто сценарио, нападот може да предизвика: привремен прекин на работата, делумно губење на податоците или финансиска штета.
Во најлош случај, на бизнисот му се заканува виртуелно изумирање преку: губењедоговори, бази на податоци за корисници, деловни документи, налози, побарувања, историја на односи со клиенти или долгови за ликвидација поради измама или кражбана средства.
Кои се најчести причини за сајбер напад
Опасноста од сајбер напад е присутна постојано, а најчести причини за успешен напад се:
- човечкиот фактор (небрежност, незнаење, ниска свест за заканите)
- ранливиот систем за интернет безбедност – особено внатре зад заштитниот ѕид(Firewall) на системот којшто може да биде нападнат
- недостатокот на енкрипција/шифрирање (encryption)
- лошото функционирање на безбедносната рамка за ААА (authentication, authorization and accounting) и управувањето со идентитетот
Човечкиот фактор како најранлива алка во системот
Луѓето се често најранливиот дел од системот, па затоа е неопходно да се прифатиодговорноста, да се организираат обуки за вработените и да се следат и разбератпоследиците од евентуален напад…сѐ со цел да се зголеми безбедноста.
Кога зборуваме за човечкиот фактор, најчести пропусти се: невнимателно кликање напогрешни места на интернет, одложување на сајбер-безбедносните прашања заподоцна и недостатокот на човечки ресурси, односно имањето мали тимови коиштонемаат време да ја прегледаат својата работа, не користат енкрипција/шифрирање начувствителни содржини и неправилно ракуваат со лозинките.
Анализа на заканите
Сајбер безбедноста ги засега сите оние коишто се поврзани на интернет, особенокомпаниите коишто го водат бизнисот дигитално. За да се заштитиме, треба дазнаеме: што е заштитено и дали тоа што е заштитено е од интерес на потенцијалнинапаѓачи. Најпрво треба да се направи анализа на заканите, да се сфати стапката зазголемување на ризикот, мотивацијата на напаѓачите и предметот на заштита, а потоада се одлучи дали сајбер безбедноста треба да се постави како среден или како врвенприоритет.
Направете тест за сајбер безбедност
Не ја потценувајте сајбер безбедноста бидејќи заканите растат експоненцијално, апоследиците можат да бидат катастрофални.
Македонски Телеком отвори посебна веб-страница со прашалник, каде што секој можеда го тестира нивото на безбедност во својата компанија. Направете го тестот за давидите како стои вашата компанија во однос на сајбер безбедноста.
Започнете со ТЕСТОТ – www.t-test.eu/mk