Најновата верзија на апликацијата WhatsApp за уредите со Android и iOS сега ја поддржува опцијата за криење на IP адресата на корисникот.
Новата функција ќе ја скрие IP-адресата на корисникот од други страни при повици преку серверите на WhatsApp, како и неговата вистинска локација. Покрај тоа, WhatsApp додава и нова функција за приватност која им овозможува на корисниците да ги замолчат повиците од непознати броеви. Оваа функција ќе блокира уште пософистицирани сајбер напади врз податоците на корисниците.
За да се активира новата функција Protect IP address in calls, потребно е да се избере Settings, Privacy, Advanced и конечно Protect IP address in calls
Треба да се има предвид дека процесот на пренос на повици преку серверите на WhatsApp ќе го намали квалитетот на повикот.